28/03/2024
Струга

Грузиец успеал да размени фалсификувани 60 илјади евра во менувачница во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама“ и „фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(69) од Грузија.

Пријавениот, казнените дела ги сторил на седми ноември минатата година во една менувачница на улицата „Маршал Тито“ во Струга. Тој, на вработениот во менувачницата му побарал да размени пари во вкупен износ од 60.000 евра. При размената на парите, пријавениот искористил прилика и на вработениот му вратил во плик фалсификувани евра (во износ од по 500 евра), а потоа си заминал.

Во моментот на размената на пликоата со пари, вработениот не ја забележал измамата, но по извесно време, тој ги проверил парите и притоа утврдил дека се фалсификат.