Hardfaced со нов сингл и видео за “Implored by Hate”

Охридскиот метал бенд Hardfaced,  денес на YouТube каналот го промовираше видеото за својот втор сингл “Implored by Hate” од нивниот четврт албум  “Dreamless Slumber At The Shores Of Youth”.

Видеото е снимено за време на концертната промоција албумот на бендот, која се одржа на 15.02.2020 година во Младинскиот Културен Центар во Скопје, од страна на Александар Цветаноски, кој исто така е потпишан и како монтажер.

Hardfaced се формирани во Охрид во 2004 година и зад себе покрај “Dreamless Slumber At The Shores Of Youth” имаат издадено уште три студиски албуми: “More Than Hate” – 2007 , “Show Them What They Fear” – 2011 и “Dying Lake” – 2014. Бендот го сочинуваат: Димитар Савески – вокал, Јован Наумоски – гитара, Горан Вељаноски – гитара, Јордан Маленко – тапани и Љупчо Стефаноски – бас гитара.

“Dreamless Slumber At The Shores Of Youth” е во издание на Diehard records, сниман е во Македонија и Шведска, а мастеринг и микс на албумот направи Lasse Lammert LSD studio од Германија.

Поради новонастаната ситуација со вирусот Covid-19, бендот ги одложува закажаните концертни промоции во Белград и Софија и порачуваат граѓаните да останат во своите домови овој период, за сѐ да заврши што побрзо и без посериозни последици.