18/04/2024
Македонија

Хаварија на бензинска пумпа во Шуто Оризари

Синоќа, пред полноќ дојде до хаварија на инсталацијата на плин на бензиската пумпа на „Окта“ во населба Шуто Оризари, која предизвика истекување на пропан бутан во гасовита и во течна состојба.

Од страна на службите на МВР веднаш беше затворена за сообраќај улицата Втора Македонска Бригада кон Шуто Оризари, а три часа потоа на лице место е дојдено лицето од фирмата за одржување на овие системи кој го затворил вентилот.

По направениот увид од страна на експерти од „Окта“, констатирано е дека нема големи концентрации од плин во воздухот, сигурносниот вентил бил исправен и затворен, по што полицијата го деблокирала патот и сообраќајот продолжи да се одвива нормално.