18/04/2024
Македонија

Холандскиот пазар продолжува да расте

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со приватниот сектор традиционално учествува на интернационалниот саем за туризам во Утрехт. “Vakantiebeurs” се одржува во период од 09-13.01.2019та година во Холандија.

Холандскиот пазар којшто е еден од првите и најлојални туристички пазари на Македонија продолжува да расте. Лојалноста во туризмот којашто најтешко се постигнува, Македонија на овој пазар и официјално ја постигна со тоа што успеа да врати по втор или трет пат холандски туристи кои имаат желба да посетат и други делови од Македонија, освен најголемите туристички центри.

Делегација на Агенцијата за туризам за време на саемот во Утрехт, одржа бројни состаноци со цел унапредување на веќе етаблирана соработка со големите тур-оператори ТУИ, Корендон и Томас Кук, но и со бројни помали кои имаат идеа да носат индивидуални патувачки или помали групи на одмор во Македонија. Штандот на Македонија го посети конзулот на Македонија во Холандија, г-дин Цеес Содер, а ко-егзибитори се ХОТАМ, општина Охрид и Струга, и туристичката фирма Чејнџфорлајф. Првиот бизнис ден помина успешно за сите инволвирани туристички професионалци, со мотивација за проширување и зацврстување на позицијата на холандскиот туристички пазар.

Саемот се очекува да биде посетен од над 117.000 посетители и над 1200 изложувачи од 65 земји од светот.

“Vakantiebeurs” претставува водечки саем за туризам во Холандија преку кој постои можност за вмрежување помеѓу македонскиот и холандскиот приватен сектор. Ова индиректно придонесува за контунуиран раст на бројот на холандски туристи во Македонија. Согласно статистичките податоци во десетте месеци од 2018г растот е 3%, очекуваме оваа 2019г да се достигне оптимумот од 10 посто раст.