19/04/2024
Охрид

Хоризонтално обележување на неколку улици во Охрид

Надлежните служби од Општина Охрид утре (04.07. 2018 ) и во четврток ( 05.07 2018) во период од 21:00 до 05:00 часот ќе вршат хоризонтално обележување на улиците: „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифоски – Питу“, „Ванчо Николески“ и „Серафим Наумоски“.

Со цел предвидените активности да се реализираат непречено се замолуваат охриѓани да не ги паркираат своите возила на овие улици во горенаведениот временски интервал затоа што во спротивно истите ќе бидат отстранети со пајак служба.

Наредниов период хоризонтално обележување ќе има и на други улици на подрачјето на општина Охрид.