18/04/2024
Охрид

Хорот од ОУ „Братство Единство“ освои Прва награда на Регионалните хорски и оркестарски смотри

На Регионални хорски и оркестарски смотри организирани од страна на Здржение на музички педагози на РСМ кои се одржаа во „Св.Климент Охридски“ во Охрид на 18.04.2019 година во категорија на основни училишта училишниот хор од ОУ „Братство Единство“ под раководство на наставникот Бурим Хидри освои Прва награда со 98 поени.

Во категорија на средни училишта Училишниот хор од ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид под раководство на професорот Александар Димоски освои Прва награда со 98 поени.

Оркестарот на ОСУ „Св.Климент Охридски“ Охрид под раководство на професорот Љупчо Аслимоски освои Прва награда со 99 поени.

Сите горенаведени ансамбли се стекнаа со правото на учество на Државни хорски и оркестарски смотри кои ќе се одржат во Скопје во тек на месецот мај.

Во рамки на натпреварот се одржа и натпревар во втора дисциплина најдобар глас и најдобар инструменталист каде учествуваа 24 учесници и се доделија неколку први награди меѓу кои од ОУ „Братство Единство“ Охрид наградени беа Диелза Елмази и Елмедина Далип.