25/04/2024
Дебрца

Хортикултурно уредување на мини плоштадот во Оровник

По минатогодишното хортикултурно уредување на дворното место во училиштето, Оровник ќе добие уште еден уреден простор, околу јарболот со македонското државно знаме.

„Отпочнати се работите за уредување на овој простор.

Со проектот се предвидува преуредување на постоечката бекатон патека, изградба на нова бекатон патека, во должина од 109 метри, изградба на бекатон платформа за детско игралиште, во површина од 38 мкв, изградба на ѕид од фугиран камен, во должина од 80 метри, засадување на трева, во површина од 1384 мкв, засадување на пет високостеблести растенија, поставување на 9 клупи за седење, 9 корпи за отпадоци, детски реквизити, улично јавно осветлување од 6 канделабри и декоративни парковски светилки.

И се подразбира, ново знаме.

Вкупната вредност на работите изнесува 1.343.356 денари, а средствата се обезбедени од Бирото за регионален развој, Програма за развој на села ( 600.000 денари ) и Буџетот на општина Дебрца за 2019 година ( 743.356 денари ).

Продолжуваме да градиме по План – от.“– информираат од Општина Дебрца.