20/04/2024
Охрид

Хуманитарен концерт на КУД „Фаланга“ 2019 за помош на Јана

Хуманитарен концерт на Културно уметничко друштво „Фаланга“ 2019 и други учесници ќе се одржи на 09.11. 2019 година (сабота) за помош на нашата сограѓанка Јана Арсовска, која боледува од адултен неуробластом, опасен малиген тумор, од кој заболува само еден во десет милиони. 

Хуманитарниот концерт ќе се одржи со почеток во 19:30 часот во Домот на култура во село Лескоец. Влезот ќе чини 50 денари.

„Со само еден мал гест, спасувате еден човечки живот. Па ајде, заедно да се дружиме и да ѝ подадеме рака на нашата сограѓанка ЈАНА!“- велат организаторите.