18/04/2024
Охрид

Хуманитарен настан за помош во лекувањето на деветгодишната Сандра Ническа

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека утре 09. 02. (недела) со поддршка на претпријатието, а по иницијатива на тренерите и децата кои ја следат Бреинобреин програмата во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид на лизгалиштето на мраз поставено на „Кеј Македонија“ со кое ова претпријатие стопанисува ќе се одржи хуманитарен настан за помош во лекувањето на нашата сограѓанка деветгодишната Сандра Ническа.

Имено во периодот од 12-17 часот сите средства собрани од изнајмувањето на лизгалките и користењето на лизгалиштето како и средствата собрани во собирни каси на Црвен крст Охрид ќе бидат наменети за помош на нашата Сандра.

Се повикуваат сите граѓани во што поголем број да го искористат најавеното за утре сончево време и да дојдат да уживаат во лизгањето и дружењето и да се хумани за нашата Сандра.