23/04/2024
Охрид

Хуманитарна продажна изложба на домашни специјалитети

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-ЦРВЕН КРСТ ОХРИД на 04.11.2018 (недела) на градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид организира хуманитарна продажна изложба на домашни специјалитети приготвени од родителите на децата кои ја следат Бреинобреин програмата. Сите средства од продажбата на производите ќе бидат наменети за помош во лекувањето на Сара Настеска.

Настанот започнува во 11:00 часот, а добредојдени се сите хумани луѓе кои сакаат уште еднаш да ја искажат својата хуманост за Сара и воедно уживаат во прекрасните вкусови на слатки и солени специјалитети.