19/04/2024
Охрид

Хуманитарна забава во Охрид по повод роденденот од Тоше Проески

Младите на Црвен крст Охрид ќе го одбележат роденденот на нашиот голем хуманист Тоше Проески со хуманитарна забава. Под мотото „ТОШЕ ВО НАШИТЕ СРЦА, ХУМАНОСТ ВО НАШИТЕ ДЕЛА“ Црвен крст Охрид ги поканува сите заинтересирани во кафе бар „ШИЛА“ на 25.01.2018 г. (четврток) од 21:00 часот, да се дружат, забавуваат и преку песните на Тоше, во изведба на новоформираниот охридски бенд „Лаки ШТРАЈК“ да се потсетат на хуманите дела на големиот Тоше Проески.

Во соработка и со поддршка на кафе бар Шила, а соодветно на видот на забавата, цените на влезницата и пијалоците се прилагодени да бидат достапни за сите посетители. За квалитетниот звук на оваа хуманитарна забава се погрижи „Labino sound“.