“ХВА РАНГ ИТФ” викендов ќе учествува на меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир до 18 години во Бугарија

Таеквон-до “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид викендов ќе земе учество на меѓународен Таеквон-до ИТФ турнир до 18 години на 09.11.2019 год, кој ќе се одржи во Перник соседна Бугарија.

„На овој турнир ќе настапиме со 10 натпреварувачи, на овај натпревар ќе настапиме со половина дебитанти половина редовни натпреварувачи, кои за противници ќе ги имаат репрезентативците на Бугарија, кои ќе им се одличен тест за наредното Европско првенство во април месец во Прага, а за дебитантите ќе биде одлично искуство и за нив, кои веќе ги пратат стапките на повозрасните натпреварувачи и обеќаваат дека ќе имаме уште една силна генерација натпреварувачи. Како што ни е познато соседна Бугарија е една од најдобрите репрезентации на светот па квалитетот на натпреварот ќе биде на високо ниво,“ – ни изјави Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, претседател на клубот и на Македонската ИТФ, кој изрази голема благодарност до нивниот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој и овој пат е најзаслужен за нивното учество на овој натпревар.

This slideshow requires JavaScript.