25/04/2024
Писма/Колумни

И Господ крена раце од арамиите – „Питон“ нека ни е на помош… Аман!

Поминувам секое утро покрај црквата Свети Ѓоргија во Охрид, се крстам и се чудам:

Гледам на портите место икона ставена олаква табла со порака: Обезбедува Питон!

Каде ли е Гопод, си велам, кај отишол, та нема време да обезбедува едно црквиче посветено на Ѓоргија Великомаченикот!? Влегувам внатре и таму очекувам нова икона, ја забележувам горе над влезот, а на самиот влез, во висина на очите – нова порака: „Објектот се снима“… Се снима?!! Гледам да останам сериозен, нели, штом се снима објектот, се снима и верникот кој влегува и кој се крсти и кој се исповеда… Се прашувам и Бога го прашувам: така ли треба, Господе?! Додека Ти и јас, грешникот разговараме, треба ли некој да не снима!? Господе Боже, што ли се има и нема во оваа моја и Твоја Чудесна Македонија!?!? И само што посакувам да прашам одново каде ли е мојот Господ кој се гледа и се слуша, а треба и се да обезбедува… каде ли е, кога… ете го малку в лево во камарата кренал раце или така го сликале ѓоаиконописците: на крст не со распетие, ами со кренати реце кон небото… Го гледам и јасно ми станува: и Господ Бог кренал раце од арамииве македонски, или простете ако погрешив: од арамииве кои испокрадоа се во црквиве македонски… И… што правиме Господи – сакам да потпрашам, а Тој, онака полураспнат – полу од немајкаде – ги кренал рацете и рамениците и како да вели: „не прашувај ме рабу божји. Јас ништо неможам повеќе со оние кои се откажале од мене… ете ви го „Питон“ – тој нека ве спасува и обезбедува сега, секогаш и за сите времиња ..амин!

Останав нем и еве ме несмеам уште, а што да речам после божјата реч?! Ништо, сполај ти Господе! Можеби и овие, моиве, не знаат што прават… прости им и… „Питон“ нека им е на помош… АМАН!

Напис и фотозапис: Дим Дон

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.