И наредните денови продолжува Летниот базар на облека во Охрид

Поради големиот интерес на охриѓани Летниот базар на облека во организација на Црвен крст Охрид ќе продолжи и наредните денови.

Утре, 31.05.2018 г. облеката од германската донација ќе биде изложена и бесплатно достапна на сите заинтересирани, во периодот од 10-14 часот во дворот на ОСУ „Св.Климент Охридски“ – Гимназија.