24/04/2024
Охрид

И учениците од ОУ „Христо Узунов“ дел од одбележувањето на Денот на ретки болести

Учениците и вработените од ОУ „Христо Узунов“ – Охрид со изработка на реквизити со знакот на децата со ретки болести и пригоден марш по охридските улици денес се приклучија во одбележувањето на 28ми февруари, Денот на лицата со ретки болести.

„Целта е да се подигне свеста кај општеството, да им се помогне на лицата со ретки болести и да им се обрне поголемо внимание во нивниот живот“ – велат од ОУ „Христо Узунов“.