20/04/2024
Охрид

И желките засегнати од состојбата со паркинзите во градот

Оспорен, раскинат или пак Договор во процес на раскинување. Тоа воопшто не им е важно на возачите. Секој гледа да најде сигурно место за паркирање, а секако по можност и бесплатно.

Со оглед на тоа дека се наплаќа на паркинзите во централното градско подрачје возачите избегнувајќи ги овие места, најчесто паркираат на поранешниот полигон, односно сега познат како „паркингот кај Европа“. Деновиве објективот на WebOhrid регистрираше една желка која очигледно е засегната од состојбата со паркинзите во градот.

WebOhrid