20/04/2024
Охрид

Игротека „Смајли“ и Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“ ве покануваат на незаборавна предновогодишна авантура

Сите дечиња кои годинава што изминува биле умни и послушни, игротека ,,Смајли“ и Стоматолошка Ординација ,,Д-р Сашо Стоев“, во соработка со Love&Life Studio и Анета Кловнета ги покануваат на возбудлива предновогодишна забава која ќе се одржи на 21.12.2019(сабота) во периодот од 12-14 часот во просториите на игротека ,,Смајли“.

Пакетот вклучува: двочасовна забава и дружење со Анета Кловнета и нејзините ,,Весели Бои“, подарок професионална фотографија со Дедо Мраз изработена од Love & Life Studio, новогодишно пакетче за секое дете и бројни изненадувања. Цената на пакетот изнесува 200 ден по дете.

Напомена: Заради големиот интерес, бројот на деца е ограничен. Направете ја Вашата резервација навреме на телефонскиот број: 075-399116