18/04/2024
Дебрца

Илинденска честитка од градоначалникот Ногачески

Почитувани граѓани,
Празникот Илинден е симбол на победата на македонскиот непокор, ден кога славиме и се потсетуваме на голем број револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.
Празнувајќи го овој датум, да им се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите знајни и незнајни херои од нашата историја .
Да го чуваме аманетот од Илинденците и Асномците и да ги негуваме и надградуваме придобивките од двата Илиндена, да ги оставиме разликите, од каква природа и да се, да покажеме меѓусебна почит и да се свртиме кон заедничка иднина, достоинствен дом во кој има место за сите и да продолжиме посветено да работиме на изградба на модерно, просперитетно и европско општество.
Нека ни се честити и вековити двата Илиндена!“ – стои во честитката на градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.