18/04/2024
Струга

Илинденска честитка од ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струга, денес испрати честитка до сите граѓани по повод 2ри август, Денот на Републиката.

„Почитувани, сограѓани и Македонци ширум светот, нека ни е честит 2ри Август-Денот на Републиката.

Борбата на еден народ за сoпствената држава никогаш не запира, како што вели нашиот голем македонски револуционер Јане Сандански: ‘‘Да живееш значи да се бориш. Поробениот за слобода, а слободниот за совршенство. ‘‘

Пред нас е уште една тешка и макотрпна борба зашто душманите и предавниците како некогаш, така и сега сакаат да не нема. Сакаат од душата да ни ги искоренат љубовта и идеалите за татковината, кои течат во нашите вени, кои се длабоко врежани во нашите гени, сакаат да не обезглават и обесчестат.

Денес го славиме Илинден со гордост и крената глава бидејќи на секој од нас пиреј ни расте во душа, бидејќи нашето име е Непокор, а презиме Македонија!

Затоа што не се предаваме и она што ни го оставија нашите револуционери и херои како аманет, ние ќе го зачуваме и предадеме на нашите поколенија- слободна, суверена, напредна, силна и самостојна Република Македонија.

Нека е честит и вековит Илинден!

Нека е вечна Република Македонија!“- стои во честитката.