19/04/2024
Охрид

Импровокација „Летна шема“ пред охриѓани

Tеатарската импровизација – Импровокација, овојпат со поднаслов „Летна шема“ ќе се одигра пред охридската публика.

„Иако температурата надвор моментално е далеку од летна, сепак не се срамите и дојдете во петок со наочари за сонце, гума за пливање, јадранки или бекутан.“– велат од ЦК „Григор Прличев“.

Претставата ќе се одигра утревечер (26 јуни) и 29ти јуни (петок), со почеток во 21:00 часот.

Картите за шоуто се веќе во продажба во Музичката продавница Зи Зи Топ по цена од 150 денари (200 ден. на денот на шоуто).