29/03/2024
Македонија

IN MEMORIAM: Почина Павлина Апостолова-Богданова, поранешна оперска првенка

Поранешната првенка на Македонската опера, Павлина Апостолова- Богданова почина во Скопје на 90 годишна возраст, соопшти семејството.
Апостолова- Богданова припаѓа на првата генерација оперски солисти што ја формираа македонската оперска сцена и музичка култура.
 
Со својот сопруг Петре Богданов – Кочко, еден од основоположниците на македонската Опера, но и композитор, педагог и певец, Апостолова е вградена во темелите на современата македонската култура.
Апостолова е родена на 16 мај 1927 година во Тетово. Во 1950 година дебитирала на оперската сцена на Македонскиот народен театар, со улогата на Мими во операта „Боеми“. Постојан член на Операта и на МНТ била до 1983 година.
Реализирала главни улоги 40 улоги од класичниот, современиот и домашниот оперски репертоар. Меѓу нив се издвојуваат: Констанца („Грабнување од сарајот“), Розина („Севилскиот бербер“), Виолета Валери („Травијата“), Мими („Боеми“), Абигаила („Набуко“), Норма, Чо-Чо-Сан („Мадам Бетерфлај“). Настапувала и на концертниот подиум, посебно негувајќи го македонското музичко творештво.
Автор е на монографијата „Мојот пат во оперската уметност“. Гостувала во сите поголеми оперски центри на поранешна Југославија.
 Оперската певица се здоби и со стаус на истакнат македонски уметник.
 
Погребана е вчера, во кругот на најблиските.