29/03/2024
Македонија

Информација за бесплатното паркирање во Hug & Fly зоната на Скопскиот аеродром

Поради неточни информации кои се појавија во дел од медиумите, за бесплатното паркирање во Hug & Fly зоната на Скопскиот аеродром, ТАВ Македонија испрати соопштение со кое информираат дека бесплатното паркирање се одвива како што пишува на информативните табли.

„Би сакале да ве информираме дека бесплатното паркирање во Hug&Fly зоната, односно на улицата пред аеродромската зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје трае 10 минути, токму онака како што пишува на информативните табли за патници и на самите билети.

Ве замолуваме како меродавно да го сметате времето на влез отпечатено на билетот за паркирање, и согласно тоа, да го планирате вашиот престој во било која од зоните за паркирање на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Следејќи ги светските трендови во авијацијата и аеродромското управување, Hug&Fly зоната ја воведовме пред две години, со цел да го намалиме метежот кој се создава од многуте возила паркирани пред терминалната зграда, и воедно да го олесниме движењето на нашите патници непосредно пред нивнитe летови.“ – велат од ТАВ Македонија.

Повеќе информации во врска со паркингот на Меѓународниот Аеродром Скопје, може да најдете на веб-страницата на следниот линк: http://skp.airports.com.mk/default.aspx?ItemID=375