24/04/2024
Македонија

Информација за конкурс за студирање во руските високообразовни институции

Во февруари 2018 година Министерството за надворешни работи, Министерството за образование и наука и Россотрудничество го утврдија планот за прием на странски државјани и сонародници кои што живеат надвор од границите на Русија за школување во Руската Федерација во учебната 2018/2019 година.

Во согласност со планот за прием, квотата за Република Македонија е 40 лица. На запишаните студенти од Македонија Руската Влада ќе им обезбеди стипендија и други услови за студирање и сместување какви што се предвидени и за руските државјани.

Процедурата за избор се состои од две фази. Првата фаза е избор на територија на Република Македонија. Во втората фаза ќе се изврши избор од страна на образовни институции кои се подготвени да примат странски државјани на обучување.

Прва етапа:

– Регистрација на кандидатите во електронскиот систем на Russia.Study (http://www.russia.study), пополнување на анкетата и прикачување на скенирани документи кои што се потребни за учествување на конкурсот (крајниот рок е 16 март).

– Пријавата ќе биде проверена од страна на претставникот на Россотрудничество во Република Македонија. Во случај да недостасуваат документи ќе бидат вратени на испраќачот за да ја комплетира пријавата.

– Известување за странски државјани (анкетите кои поминале проверка) за датум, време, место и услови за спроведување на тестирањето за селекција (во Македонија ќе биде во форма на интервју).

– Спроведување на интервју од страна на комисија составена од претставникот на Россотрудничество и стручни соработници од амбасадата на Руската Федерација.

– Формирање на основен список од 40 кандидати и резервен од 5 кандидати. Странските државјани кои што ќе бидат опфатени во овие списоци ќе бидат дополнително информирани за основните барања во досието на кандидатот предвидени за формирање на роковите.

– Оформувањето на досието на кандидатот (прикачување на сите потребни документи во електронска форма и контрола на исправноста се врши од страна на Россотрудничество). Доколку е потребно може да биде вратено на доработка.

– Испраќање на подготвеното досие во електронска форма во Министерството за образование и наука во Русија за втора изборна етапа. Кандидатите ќе бидат известени за завршетокот на првата етапа.

Втора етапа:

– Проверка на досието на кандидатот во Министерството за образование и наука во Русија. Можна е доработка на досието по проверката.

– Избор од страна на образовните установи кои што се спремни да примат на обука странски државјани и ќе ги распоредат кандидатите по образовни установи.

– Информирање на кандидатите за резулататите од втората етапа.

Потребни документи за учество во интервју:

– Целосно пополнета анкета.

– Копија од пасошот од Република Македонија (за руски државјани исто така копија од пасошот од Руската Федерација).

– Копија на документи за образование и (или) квалификации ако во моментот на формирање на досието недостасува диплома (за која е во тек образованието) тогаш да се достави документ или диплома како доказ од претходното образование (последното свидетелство).

– Дополнителни документи (награди, благодарници и слично) – по желба.

Потребни документи за учество во втората етапа:

– Целосно пополнета анкета.

– Листа со резултатите на интервју (прикачува претставникот на Россотрудничество).
Копија на документи за образование и (или) квалификации. Ако во моментот на формирање на досието недостасува диплома (за која е во тек образованието) тогаш да се достави документ или диплома како доказ од претходното образование (последното свидетелство).

– Документ од здравствена установа на Република Македонија која потврдува дека кандидатот е способен за обука во Русија.

– Потврда од здравствена установа во Република Македонија која го потврдува отсуството на вирус на хумана имунодефициенција (ХИВ) или СИДА.

– Поволните резултати од задолжителните медицински прегледи (само за странски државјани избрани за обука по специјалност и смер за кои кандидатите подлежат на задолжителни прелиминарни прегледи во согласност со Федералниот закон од 29 декември 2012 година № 273-ФЗ “За образованието во Руската Федерација”);

– Список на објавени научни работи или реферати (само за кандидатите за обука за подготвителната порограма за научно педагошки кадри за постдипломски студии). Темата на кандидатот треба да одговара на правецот на подготовка кој што го има избрано странскиот кандидат.
Сертифицирани преводи на руски јазик на доставените документи, наведени во потставовите 2 – 5.

– Копија од пасош на Република Македонија (за руски државјани копија од пасош на Руската Федерација).

Забелешки:

Доколку степенот на владеење на руски јазик за усвојување на основната професионална образовна програма е низок, дополнително во пријавата ќе треба да наведе дека има потреба од учење на подготвителен факултет.

Во прашалникот кандидатот ги наведува образовните институции по опаѓачки редослед каде што прва би била предпочитаната образовна институција.

Кандидатите кои што аплицирале за специјалност за која што ќе треба да поседуваат одредени творечки, физички или психички способности ќе ги полагаат до 1 август годинава дополнителните приемни тестови за творечки и (или) професионални насоки (се одоржуваат од страна на образовни институции на територијата на Русија).

За избор на професии 30.00.00 – 34.00.00 (“здравство и медицински науки”) вклучува можности на руските образовни институции под надлежност на Министерството за здравство на Русија. За овие специјалности ќе има дополнителна информација (бројот на стипендии е ограничен).

За запознавање со листата на образовни институции кои што ќе потврдат дека се подготвени да примат странски државјани на обучување во определените квоти а исто така за да ги дознаете резултатите од втората етапа ќе треба да го користите информациско-аналитички систем Russia-Edu (http://russia-edu.ru/).

Преставништвото на Россотрудничество ја обезбедува соработката со кандидатите избрани за обучување во врска со прашањата за организација за влез на територијата на Руската Федерација и за одењето на обучување во образовните институции. Термините за почеток на предавањата, кандидатите ќе ги прецизираат самостојно во образовните институции (тие се различни во секоја образовна институција).