Иницијативата Екватор го објави повикот за номинации за наградата Екватор за 2019 година

Наградaта Екватор 2019 ќе биде доделена на иницијативи на истакнати локални заедници кои ги унапредуваат решенијата за климатски промени и за одржлив развој базирани на природата. Овогодинешните победници ќе имаат иновативни, решенија базирани на природата за ублажување и / или прилагодување на климатските промени и одржлив развој на локално ниво.

Ве молиме погледнете го официјалното соопштение на англиски јазик. Ги содржи сите релевантни информации за поднесување на барање, критериумите за избор и како да се номинирате. За повеќе информации посетете ја страницата www.equatorinitiative.org

Ве молиме да обрнете внимание дека периодот на номинација за овој циклус на наградата Екватор е пократок отколку во претходните циклуси – рокот за номинирање е до 26 февруари 2019 година.

Тимот за Иницијатива на Екваторот исто така е достапен за поддршка на Вас и Вашите партнери, вклучувајќи техничка поддршка со онлајн систем, појаснување на потребните информации итн. Ако имате какви било прашања, Ве молиме пишете му директно на Paul Michael (paul.michael@undp.org – за прашања на англиски или на сите други јазици).