19/04/2024
Македонија

Иновативни решенија за просперитет и солидарност

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, беше претседавач на сесијата на тема „ Иновативни решенија за просперитет и солидарност “, во рамките на меѓународната конференција во Талин, Естонија, насловена „Здравствени системи за просперитет и солидарност“.

На сесијата се дискутираше за искуствата во планирање и спроведување на иновативни решенија во различни системи за здравствена заштита. Учесници беа претставници од повеќе земји, како и од Европската комисија и Европската опсерваторија за здравствени системи и политики. Целта на сесијата беше да се идентификуваат факторите кои го спречуваат или поттикнуваат развојот на иновативните решенија кои водат до просперитет и благостојба во едно општество.

Иновативните решенија отвораат можности за трајни системски промени и креирање услуги по мерка на граѓаните. Искуството од нашите меѓународни партнери е од големо значење за креирање стратегии и механизми за реализација на овие промени. Градење на хумано општество за сите е приоритет за оваа Влада и Министерството за труд и социјална политика.