29/03/2024
Охрид

Инспектор од Скопје пријавил нарушен јавен ред и мир при инспекциски надзор во Охрид

На 23.04.2019 година во 14:30 часот, во СВР Охрид, Р.К.(39) од Скопје – инспектор за културно наследство од Управата за заштита на културно наследство при Министерство за култура, пријави нарушен јавен ред и мир на плоштадот „Крушевска Република“, извршен од Н.У. од Охрид.

Според пријавеното, Н.У. вербално реагирал за вонредниот инспекциски надзор во објектот кој што е во градба непосредно до стариот чинар, што е негова сопственост. Н.У. е повикан на разговор во СВР Охрид и по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.