29/03/2024
Македонија

Интегрален текст од одговори на новинарски прашања на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Интегрален текст од одговори на новинарски прашања на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Интегрален текст од одговори на новинарски прашања на Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски

Г-дине Мицкоски имавте Централен Комитет, што одлучивте?

Централниот Комитет разгледуваше неколку точки на денешната седница. Меѓу другото беше усвоен новиот состав на Извршниот Комитет на партијата. Состав на членови на Извршниот Комитет кои што според мое длабоко убедување како негов предлагач ќе додаде вредност во самиот процес на работење на партијата. Станува збор за силно мотивирани индивидуи, луѓе кои што голем дел од својот живот поминале во партиските структури, искусни политичари, така што мислам во периодот кои што следи, убеден сум, т.е. да не бидам претенциозен дека ВМРО-ДПМНЕ многу брзо ќе застане на здрави нозе и ќе може што е можно поскоро да издејствуваме предвремени парламентарни избори и ВМРО-ДПМНЕ да ја формира следната Влада на Република Македонија.

Колкави се промените во составот на новиот Извршен Комитет и зошто во него нема место за пратениците Илија Димовски и Антонио Милошоски, зошто тие денеска не беа на Централниот Комитет?

Промените процентуално не би можел да ви ги кажам, но се сериозни. Тоа се луѓе како што кажав силно мотивирани, луѓе кои што очекувам да допринесат позитивно во самиот процес на делување на партијата. Одлука моја како претседател на партијата и предлагач на овие имиња беше истите да ги презентирам пред членовите на Централниот Комитет. Централниот Комитет ги усвои речиси едногласно, со еден глас против. Инаку имаше 115 присутни од 135 членови на Централниот Комитет. Она што го напоменав пред самиот Централен Комитет е дека ова е првичната бројка од 26 члена на самиот Извршниот Комитет, истиот ќе се проширува во периодот кој што следува бидејќи партиското организирање е еден динамичен процес, бара иновирање на истото, така што ова е структурата на Извршниот Комитет кои што на следните 2 години ќе биде официјално тело во првична верзија. Но, во периодот кој што следува нормално, тоа го кажав и пред членовите на Централниот Комитет постои простор за негово зголемување со нови предлози.

Дали причината што Димовски и Милошоски не се најдоа во Извршниот Комитет е токму тоа што тие бараа одлагање на Конгресот заедно со уште неколку функционери од партијата?

Не, апсолутно јас во неколку наврати во минатото има кажано дека станува збор за перфектни луѓе, прекрасни луѓе, луѓе кои што биле активисти во партијата, извршувале големи и значајни државни функции, биле министри, координатори на пратенички групи, имаат уште што ново да дадат во структурите на партијата, така што не се исклучува никаква можност за нивно понатамошно ангажирање во било кој сегменти во структурата на партијата. Се разбира доколку нормално тоа содвејствува со нивните амбиции.

Дали на Димовски му било понудено местото потпретседател во ВМРО- ДПМНЕ, а тој го одбил. Дали се точни овие информации или се шпекулации?

Не би сакал да коментирам шпекулации. Дали биле поканети, инаку на седницата на Централниот Комитет беа поканети сите оние членови на Централниот Комитет кои што се и членови на Централниот Комитет. Не поканивме гости, бидејќи таква е праксата од минатото, кога се бира состав на Извршниот Комитет да бидат поканети само оние кои што се дел од Централниот Комитет, односно членови на Централниот Комитет. На г-динот Димовски, за жал кога одлучи да не биде повеќе координатор на пратеничката група, му престана мандатот и новиот координатор на пратеничката група, во случајот веде координаторот г-динот Влатко Ѓорчев беше верификуван како нов член на Централниот Комитет. Истото тоа беше случај и за неколку претставнички од Унијата на жени и на неколку претставници на Унијата на млади сили.

Измените во Статутот како предуслов за они две нови тела што треба да ги вметнете, што ги најавивте?

Да, периодот кој што следува продолжуваат подготовките за она што се вели зголемување на квалитетот на партискиот статут. Дадовме некој рок, тоа од прилика би требало да биде крајот на месец јануари, плус, минус некоја недела можеби би била потребна. Но, ќе видиме во зависност од динамиката на изработка на тие статутарни измени. Пред Извршниот Комитет на првата седница ќе го предложам составот на Советот на Извршниот Комитет. За истото тоа ќе бидете исто така запознаени. Така што Извршниот Комитет ќе одлучи дали ќе го прифати мојот предлог, се разбира или не, а кога ќе бидам подготвен и со она второ тело кое што го најавив во јавноста, тоа е Совет на Претседателот на партијата и истото ќе биде презентирано и предложено и пред самиот Извршниот Комитет и очекувам и тука да се произнесе Извршниот Комитет, дали ќе биде за или против. Инаку исто значајно денес покрај членовите на Извршниот Комитет, може да се каже дека нов претседател на Градскиот Организација на ВМРО-ДПМНЕ е г-динот. Маријанчо Тодоровски.

Дали во новиот состав има од редовите на реформаторите?

Не би знаел дали има од редовите на реформаторите. Знам дека еден од предлозите кои што се дел од новиот состав на Извршниот Комитет имаше јасен став околу тоа дека е потребна демократизација на партискиот Статут, за што ние како партија веднаш по моето назначување како претседател на ВМРО-ДПМНЕ отпочнавме процес за истото. Претпоставувам дека повеќе нема потреба од таков вид таква иницијатива за реформи на партискиот статут. Јас не би ги делел членовите, симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ поготово оние високи партиски функционери на вакви или такви, тоа се луѓе кои што се во ВМРО-ДПМНЕ се дел од партиските структури и таму ќе продолжат да делуваат и во иднина.

Мицкоски, можно ли е да се очекува, односно кога ќе се очекува измени во Општинските Комитети, со оглед на тоа дека има многу истечени мандати, а претпоставувам ќе сакате и таму освежување?

Да, во периодот што следува ќе превземеме една таква посериозна акција, но мислам дека тоа треба да биде еден редослед на активности што на тоа ќе му претходат, а тоа е најпрвин ажурирање можеби на членството, па потоа дури избор на претседатели на Општинските Комитети, бидејќи се наметнува самата потреба да се види бројката на членството односно да се ажурира таа бројка, а се со цел да одговори на сите тие демократски промени, измени во Статутот, кои што ќе следат допрва. Така што за нас е важно да почнеме куќата да ја градиме од темелите за да дојдеме до кровот и тука треба да има јасна методологија на чекори кои што во периодот што следи ние ќе ги превземеме, така што еден по друг чекор ќе следат овие активности. Да секако ќе имаме нови претседатели на Општински Комитети, онаму каде што мандатот е изминат, онаму каде што е констатирана потреба дека претседателот на Општинскиот Комитет е неопходно да биде променет со друг во интерес на подобрување на функционирањето на самиот Општински Комитет и тоа ќе го направиме, така што во овој момент не би имал што да додадам, освен да следите како ќе постапува ВМРО-ДПМНЕ во периодот што следува. Да се надеваме дека што е можно побрзо ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира следната Влада на Република Македонија.

Последно прашање која е улогата на екс претседателот Груевски во новите органи на партијата?

Последното колку што мене ми е познато, а претпоставувам и на јавноста и е познато дека на Конгресот г-динот Никола Груевски беше избран за почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Г-дин. Мицкоски пред десетина денови изјавивте дека партијата е изолирана од процесот на преговори за името, по средбата со Коѕијас во Атина вице премиерот Османи кажа дека ќе побара состанок со Вас да разговара? Дали деновиве бевте контактирани лично од него или неговиот кабинет и дали имавте средба?

Не, не сум бил контактиран, ниту пак сум имал било каква средба со вицепремиерот Бујар Османи.