20/04/2024
Охрид

Интересот за книгата наметна проширување на терминот на Саемот на книгата во Охрид

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид известува дека поради големиот интерес на читателите Саемот на книгата утре и задутре ќе биде отворен од 10 до 18 часот. Љубителите на книгата саемот ќе можат да го посетат и во сабота од 10 до 14 часот.

Од понеделникот во „Прличевата одаја “ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во соработка со издавачката куќа „Матица македонска“ се одржува саем на кој лектири и белетристика може да се купи на попуст до 50 проценти.