Исчезнат жител од Лешани

На 23-ти октомври оваа година, во 15:00 часот во СВР Охрид, лицето Д.Д. од охридското село Лешани, за исчезнат го пријави неговиот син В.Д. (41) кој живеел во Швајцарија.

Според пријавата, В.Д. на 10-ти октомври од Швајцарија заминал за Турција на годишен одмор, а од пред пет дена немале никаков контакт со него. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.