19/04/2024
Охрид

Исчезната жена од Велгошти пронајдена мртва недалеку од селото

На 19.03.2020 околу 12:00 часот во СВР Охрид, жител на охридското село Велгошти пријави дека недалеку од селото, во месноста „Чурила“, забележал починато лице.

По извршениот увид, констатирано е дека станува збор за Д.Н.(80) од с.Велгошти, која на 07.03.2020 била пријавена за исчезната.

По извршен преглед од лекар патолог било констатирано дека нема траги на насилство и дека се работи за природна смрт.