Исклучително богата програма на годинешните „Струшки книжевни средби – 2019“

Утре попладне, со посета на културните и духовни знаменитости во Охрид и дегустација на локално вино од Вила и винарија Мал Свети Климент и рециталот Вино и поезија, започнува годинешното издание од “Струшките книжевни средби – 2019”.

Утревечер од 19 часот, во Библиотека „Григор Прличев“, манифестацијата продолжува со промоција на книгата Небесна тишина“, поезија на Новица Соврљиќ. Промотори се: Петко Шипинкаровски и Даниела Андоновска-Трајковска

Модератор: Милчо Јованоски

Наредниот ден, во петок, од 10:30, во „Спомен Дом на браќата Миладиновци“ во Струга, Средбите продолжуваат со „КНИЖЕВНА ПЛОВИДБА“, стручна работилница, тема:„Придонесот на списанијата во развојот на современата македонска литература, култура и уметност: 75 години од ослободувањето“. Воведничар е проф.д-р Димитар Пандев, а ќе модерира проф. д-р Христо Петрески.

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, со поздравно обраќање на Роберт Алаѓозовски,национален координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка, ќе бидат одбележани 10 години на Културниот центар Бран од Струга.

За јубилејот, ќе говори Петко Шипинкаровски, а на истата свеченост се доделуваат наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“ за 2019 на добитниците Даниела Андоновска-Трајковска и Игор Крајчев. Промотори се Мерсиха Исмајлоска и Христо Петрески

Постхумно, на Владо Малески,му се доделува „ЗЛАТНА БЛАГОДАРНИЦА“ , за уметничкиот влог во создавањето на Химната на Македонија „Денес над Македонија се раѓа“ и во знак на неговиот придонес во градењето на слободна Македонија. Слово за Владо Малески, ќе одржи Мишо Китаноски, а ќе модерира Сузана Мицева

Попладнето, добредојде во Вевчани на учесниците на „Струшки книжевни средби“ ќе им посака градоначалникот Сашо Јанкоски, додека на Поетскиот маратон, ќе биде претставена современа поезија на Србија со Александар Чотриќ, Сенка Павловиќ, Недељко Терзиќ, Милица Јефтимиевиќ Лилиќ, Снежана Дабиќ, Новица Соврљиќ и Раде Вучиќевиќ

Современа поезија на Хрватска, ќе биде претставена со Валерио Орлиќ, Срѓан Духовиќ, Анѓелка Корчуланиќ и Анте Грего.

Современа поезија на Албанија, со Мајлинда Рама, Сара Џелили и Илир Паја.

 Македонска современа поезија, со Димитар Пандев, Христо Петрески, Катица Ќулафкова, Мерсиха Исмајлоска, Васил Тоциновски, Борче Панов, Весна Мундишевска-Велјановска, Мустафа Спахиу, Даниела Андоновска-Трајковска, Сашо Бетоски, Сузана Мицева, Златко Жоглев,Љубинка Донева, Ѓорѓи Калјџиев, Елена Пренџова,Трајче Кацаров, Славе Ѓорго Димоски, IМишо Китаноски, Игор Крајчев, Стефан Маркоски, Снежана Стојчевска и Петко Шипинкаровски.

Вечерта, во Црква Св. Никола, во Вевчани, ќе биде претставен портретот на добитниците на наградата „Струшко слово“ Лидија Капушевска Дракулевска, Мустафа Спахиу и Недељко Терзиќ. Промотори: Мерсиха Исмајлоска, Васил Тоциновски и Петко Шипинкаровски.

Истовремено, ќе има промоција на најновите списанија: „СОВРЕМЕНОСТ“, „СТОЖЕР“, „СТРЕМЕЖ“, „СУМ“, „СОВРЕМЕНИ ДИЈАЛОЗИ“,„РАСТ“, „ЈУЖЕН БРАН“ и „БРАНУВАЊА“.

На завршниот ден во сабота, во Предворјето на црквата Св. Ѓорѓија од Струга, ќе биде извршено доделувањето на Големата награда на Струшките книжевни средби – „КНИЖЕВНА ДАЛГА“ за 2019 година на проф. д-р Димитар Пандев. Реч за добитникот на наградата, ќе има Даниела Андоновска-Трајковска. Наградата ќе ја врачи претседателот на БРАН и организатор на Струшки книжевни средби Петко Шипинкаровски.

Следи вториот Поетски маратон, со триесетина учесници, додека манифестацијата завршува со доделување на наградата БРАНУВАЊА за најдобра прочитана песна на македонски и странски автори.

Веле Митаноски