25/04/2024
Дебрца

Исплатени првите рати од ученичките и студенските стипендии во општина Дебрца

Вчера во рамките на програмата за развој на образованието во општина Дебрца за 2019 година,  на учениците и студентите кои ги исполнаа критериумите за доделување на стипендии им беа исплатени првите рати.

„Вчера на 15-те ученици, корисници на ученичка стипендија им исплативме по 7.500 денари, а на 5-те корисници на студентска стипендија по 12.500 денари, за пет месеци, или вкупно од Буџетот на општината за овие намени се исплатени 175.000 денари. Наместо за непродуктивни трошења, парите ги враќаме кај учениците, студентите, граѓаните.“ – изјави градоначалникот Ногачески.