19/03/2024
Охрид

„И(с)згубени“ на Антонио Вељаноски на престижен филмски фестивал во Јапонија

Краткиот филм во режија на Антонио Вељаноски „И(С)ЗГУБЕНИ“, ќе биде прикажан на престижниот филмски фестивал во Сапоро, Јапонија. Kаде што е избран во oфициалната интернационална конкуренција. Фестивалот започнува на 17ти Октомври.

И(С)ЗГУБЕНИ е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во пошта, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.

Главните улоги ги толкуваат Јан Качер и Марие Дурнова, ко-сценарист на филмот е Алице Крајчирова, директор на фотографија е Владимир Димоски, музиката е на Игор Василев – Новоградска а продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски – Летра.

Ова е осми интернационален фестивал на кој што филмот ќе се прикажува, по проекциите на Фастнет фестивал во Скал, Ирска и Лифт-ОФФ во Лондон, Англија. А беше прикажан и на македонските фестивали во Скопје (Скопје Филм Фестивал), Струга (Дрим Шорт), Охрид (Бич Филм Фестивал), Тетово (Тетово Интернатионал Фестивал ОДА) и Манаки Битола.

Филмот е финансиран од страна на Агенција за филм на Македонија.

Линк од фестивалската страна и од програмата:

https://sapporoshortfest.jp/19/programmes/i-e

Видео од селецкијата на фестивалот каде што има и кадар од „И(С)ЗГУБЕНИ“:

https://www.facebook.com/sapporoshortfest/videos/2467286646687593/