29/03/2024
Охрид

Иван Лотески на прием кај в.д. градоначалникот Константин Георгиески

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиески денес во својот кабинет го прими Иван Лотески кој го пронајде чесниот крст во осветените езерски води на големиот христијански празник Богојавление – Водици.  На средбата се сумираа впечатоците од неодамнешната црковно народна манифестација која се организира по повод празникот, а на која присуствуваа бројни охриѓани и гости од земјава и странство.

Лотески втора година по ред е среќниот фаќач на чесниот крст во Охрид за големиот празник Богојавление – Водици.