24/04/2024
Македонија

Иванките повторно атрактивни во Ресен

Обичајот „Иванка“, кој се празнува на Иванден е посебно препознатлив и најкарактеристичен за територијата на Преспа. Оваа уникатна преспанска традиција се запазува и годинава, на празникот Иванден. Кога локалното население изработува кукли – Иванки.

„Веќе седма година по ред, Домот на културата „Драги Тозија“ е организатор на манифестацијата која не навраќа на нашите корени и национални вредности, Облекувањето на куклата Иванка, секогаш одговарало со начинот на облекување на локалното население. и годинава пред нашите сограѓани, беа претставени изработените Иванки, како симбол на денешниот празник – Иванден. Голем број деца, потпомогнати од нивните мајки и баби се повеќе се вклучуваат во оваа традиција и постојано расте бројот на учесници. Затоа, ние не ги одделуваме сите учесници и во знак на благодарност, изработувачите на Иванките се симболично наградени со 500 денари“, – посочи директорот на Домот на култрата во Ресен, Васко Василевски.

Манифестацијата се одржа напладне на платото пред Ресенскиот Сарај, а токму поради големата културна вредност е поддржана од Министерството за култура, во годишната програма.

Денот на раѓањето на Свети Јован Кристител 7 јули, или во народот попознат како Иванден, има особено значење во Преспанскиот регион. Иако делови од ова празнување можат да се најдат и на останатата македонска територија, се чини дека на територијата на Ресен и Преспа го има најубавото одбележување.