Иванов на средба со Женевиев Дариесек, Државен секретар во Министерството за вооружени сили на Француската Република

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја прими г-ѓа Женевиев Дариесек, Државниот секретар во Министерството за вооружени сили на Француската Република.

На средбата беа разменети мислења за севкупната билатерална соработка меѓу Република Македонија и Француската Република, вклучително и за соработката во областа на одбраната.

На средбата беше изразено задоволство за континуираната одлична соработка во областа на одбраната и беа разгледани можностите за нејзино натамошно продлабочување и интензивирање.

Во контекст на европските и евроатлантските аспирации на Република Македонија, претседателот Иванов истакна дека членство во Европската унија и во НАТО останува стратешка цел на Република Македонија.