24/04/2024
Дебрца

Изборно собрание на Здружението за пензионери за општините Охрид и Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески денес присуствуваше на Изборното собрание на Здружението за пензионерите за општините Охрид и Дебрца, за месниот огранок кој ги покрива 24-те села од географска Дебрца.

„Посакувајќи им на пензионерите успешно спроведување на изборниот процес уште еднаш ја истакнав мојата подготвеност за соработка со Здружението, без разлика на тоа кој ќе го раководи, односно претставува истото.

Во изминатата година ја подигнавме соработката на едно повисоко ниво, склучивме Меморандум за соработка, финансиски ги помагаме тековните активности на Здружението, обезбедивме превоз за излетничките патувања на пензионерите, а од оваа година се надевам дека ќе успееме да воведеме еден ден во неделата бесплатен превоз на пензионерите од селата во општина Дебрца до градот Охрид.“ – истакна Ногачески.