19/04/2024
Струга

Избувна пожар во куќа во Струга, повредени две лица

На 18.04.2018 година околу 11:30 часот во Полициската станица Струга, било пријавено дека во Струга на улицата „Боро Шаин“, во куќата сопственост на С.Д.(69), избувнал пожар во една од собите во која внатре се наоѓала Л.Д.(62), при што се здобила со тешки телесни повреди (изгореници). Истата била префрлена во Медицинскиот центар во Струга од каде поради сериозноста на повредите била пренесена во Комплекс Клиники “Мајка Тереза“. При извлекување на Л.Д. од собата со телесни повреди се здобила Ф.Д. (31) која била префрлена и задржана на лекување во Медицинскиот центар во Струга. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струга. Извршен бил увид од страна на Полициската станица Струга и се работи на целосно расчистување на случајот.