23/04/2024
Охрид

Изградба на потпорни ѕидови во населба Рача и село Коњско

Во текот на изминатите неколку дена се изведуваат градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во населбата „Рача“ и во селото „Коњско“.

Со изградба на потпорните ѕидови се решава долгогодишен проблем на жителите во двете населени места и се надминува опасноста од појавување на свлечишта.

Овие градежни активности се дел од Програмата за уредување на градежно земјиште во делот за Изградба на потпорни ѕидови и за оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени вкупно 3,5 милиони денари.

Според планираното, во текот на наредниот период ќе се градат потпорни ѕидови и на уште неколку критични локации во општината.