19/04/2024
Охрид

Изградена нова пешачка патека во населбата Рача

Денес во населбата Рача, вршителот на должноста градоначалник Константин Георгиески,  изврши увид на ново изградената пешачка патека. Патеката со бехатон плочки во должина од 170 метри и два потпорни ѕида, изградени се од страна на ЈП “Градски гробишта“.

Овој зафат е во рамките на програмата на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и со него се решава деценискиот проблем на функционално поврзувње на двата дела од населбата. Посебно е важно олеснувањето на движењето на децата, кои оваа патека ја користат за да стигнат до училиштето.