24/04/2024
Македонија

Изложба и филм од Македонија во Пловдив

Денеска, во 18 часот, во познатата Мала Ранохристијанска Базилика во Пловдив, ќе биде отворена изложбата “Поврзување”, а потоа од 21 часот следува проекција на филмот “Последните камбани” на режисерот Николче Поповски …

Овој ликовен проект се реализира во рамките на манифестацијата “Европска ноќ на музеите и галериите” во Пловдив, со помош на нашиот Културно-информативен Центар во Бугарија, а во негоќе бидат претставени ликовните уметници Мирјана Иванова, Марјан Ѕин, Перица Георгиев, Зоран Мише, Иво Пецов, Слободан Милошески, Горан Тричковски и Павел Целкоски.

Краткометражниот македонски филм „Последните камбани“ ја освои првата награда за кратки филмови на фестивалот во Монреал. Продукцијата на „Последните камбани“ е на „ДНФ филмс“, а филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Филмот е работен по сценарио и во режија на Никола Поповски, а актерот Мето Јовановски ја игра главната улога.