19/04/2024
Охрид

Изложба на дела од роднокрајни автори родени во април во НУ Библиотека „Григор Прличев“

Во пресрет на 23 Април – Светскиот ден на книгата и во рамките на редовните месечни активности од денеска до среда 24 април во Прличевата одаја на библиотеката ќе биде отворена изложбата на книги РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ – РОДЕНИ ВО АПРИЛ.

На овој пригоден начин охридската библиотека ги одбележува родендените на следните автори: Миле Волканоски, Боро Ситникоски, Куртиш Демироски, Дамјана Видическа и Мишел Јузмески.

Изложбата заинтересираните можат да ја видат секој работен ден од 9 до 18 часот.