18/04/2024
Македонија

Изложба на икони во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, вечерва во 19 часот ќе се отвори изложбата “ Икони XIV-XX век”…

Збирката на икони во Националната галерија на Македонија брои над 50 примероци, од кои една икона датира од средината на XIV век, една од XV-XVI век, а останатите икони му припаѓаат на поствизантискиот период, периодот на Преродбата (XIX) век, и мал број икони од почетокот на XX век. Според стилската и хронолошката припадност, најмногу примероци припаѓаат на поствизантискиот период и периодот на Преродбата.

На изложбата ќе бидат презентирани околу четириесет икони, светогорски графики и копии од фрески од колекцијата на Националната галерија на Македонија и Музеј на Македонија. Изложбата на љубителите на уметноста им дава преглед на стилскиот и хронолошкиот развој на македонското иконописно творештво од XIV-XX. Изложбата ќе биде отворена до 30 јануари 2018 година.