24/04/2024
Охрид

Изложба на книги од „Роднокрајни автори – родени во ноември“

Од утре 19 ноември до идниот понеделник во „Прличевата одаја“ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде поставена изложбата на книги: „Роднокрајни автори – родени во ноември“.

На овој пригоден начин со изложба на дел од нивното творештво ќе бидат претставени авторите: Митре Велјаноски, Севим Адем – Сана, Никола Митровиќ – Бабе, Стојан Ристески, Димче Донески и Димче Џајкоски.

Изложбата ќе може да се погледне секој работен ден од 9 до 18 часот.