18/04/2024
Македонија

Изложба од ликовната колонија „Карпино 2017“ во Кочани

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Бели мугри“- Кочани, утре (16 март) во 19,30 часот  ќе биде отворена изложба на дела создавани на 15-тата Меѓународна ликовна колонија „Карпино-2017“…
Ќе бидат изложени 26 дела изработени од дваесетина уметници  од повеќе земји како од Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Полска и од Македонија кои учествуваа  на оваа традиционална колонија, во организација на  здружението на граѓани Мултимедијален центар-Карпино.
Делата се работени во класична и комбинирана техника.
Меѓународната ликовната колонија „Карпино“ e меѓу помладите ликовни колонии кои се одржуваат во нашата држава.
Од делата кои се изработени во текот на колонијата, секоја година по повод и во чест на ослободувањето на градот Куманово на 11 Ноември се отвара изложба во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово. По завршувањето на истата, изложбата патува во неколку градови, како Кочани, Виница и други локации.