18/04/2024
Македонија

Изложба „Скици 2017“ во Кавадарци

Вечерва во 19 часот во Дом на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, во соорганизација со НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ од Куманово ќе биде отворена биеналната изложба „Скици 2017“…

На изложбата во Кавадарци свои дела изложуваат Дејан Арсовски – Бабата, Зоран Арсовски – Бабата, Марија Величковска, Бранко Величковски, Владимир Величковски, Симона Јакимовска, Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Ана Јовановска, Далибор Крстевски, Борис Кукуњавски, Страхил Петровски, Вера Тодоровска, Трајко Тошевски, Марина Цветановска-Мартиновска.

Ликовнста соработка помеѓу двете национални установи од Кавадарци и Куманово е поддржана од Министерството за култура.