25/04/2024
Македонија

Изработена физибилити студијата за пречистителната станица на Пелистер

Градежниот институт на Македонија, избран како консултантска фирма од страна на УНДП, го достави прелиминарниот извештај за физибилити оценката на предложените технологии за избор и изведба на пречистителна станица, во рамките на УНДП гранд проектот за изградба на пречистителна станица која ќе собира дел од отпадните води од Националниот парк Пелистер. Од страна на консултантската фирма, дадена е и препорака за изведба на пречистителната станица, која ќе биде сместена на потегот на потпелистерското село Трново и ќе ги собира отпадните води од објектите и населението места во Потпелистерието.

Градежниот институт на Македонија, по прифаќањето на една од предложените технологии за избор и изведба на пречистителната станица од страна на Општина Битола, ќе започне со изготвување на основен проект за пречистителната станица.