25/04/2024
Охрид

Израелски бизнисмени во посета на Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид д-р Јован Стојаноски и неговите блиски соработници  денес во општинската зграда  имаа  работна средба со група бизнисмени  од Израел.

Целта на состанокот  беше  зајакнување и продлабочување на  бизнис релациите помеѓу двете земји, Македонија и Израел и  запознавање  со бизнис можностите кои ги нуди Охрид.

На  состанокот претставници од Секторот за ТЛЕР ги презентираа туристичките потенцијали на Охрид, а им беа презентирани и  бизнис можностите во други сегменти. Гостите беа информирани и за поволностите кои на национално ниво им стојат на располагање за започнување на бизнис во Република Македонија.

Со цел да воспостават конкретни бизнис релации, во рамки на посетата  за израелските гости ќе бидат организирани средби со преставници на бизнис заедницата од Охрид.