28/03/2024
Спорт

Извлечени четвртфиналните двојки од Купот на Македонија

На извлекување во Фудбалската федерација на Македонија беа одредени четвртфиналните парови во Купот на Македонија.

Актуелниот Куп освојувач Шкендија во четвртфиналето ја доби прилепска Победа. Академија Пандев ќе се соочи со второлигашот Кораб, додека останатите две пресметки се меѓу Силекс и Беласица, односно Македонија Ѓорче Петров и Работнички.

Во четвртфиналето се играат два натпревари. Во случај на изедначен резултат по втората средба, веднаш се пристапува кон изведување на пенали. Првите дуели се играат на 7. ноември, а возвратните дуели се на 5. декември.

1/4 финале, Куп на Македонија:

Шкендија – Победа
Силекс – Беласица
Академија Пандев – Кораб
Македонија ЃП – Работнички