Извлекување на добитниците на награди од хуманитарната акција „За посреќно детство“

Заблагодарувајќи се на сите оние кои што учествуваа, ја помогнаа и поддржаа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ информираме дека извлекувањето на добитниците на преку 50 награди ќе се изврши денес, 16.10.2019 година во 19:15 ч. Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк:

 Подгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето на наградите.

Доколку биде извлечен бројот на Вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата.

Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ беа собрани 35.521 денари, а дел од собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на нашата сограѓанка Јана Арсовска.